Пет дена како продолжуваат антивладините протести во Србија

Центарот на протестите во главниот град Белград беше плоштадот пред зградата на Собранието кадешто немаше инциденти

1453540
Пет дена како продолжуваат антивладините протести во Србија

Пет дена како продолжуваат протестите во Србија коишто започнаа по соопштувањето на новите превентивни мерки поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и тоа најпрвин во главниот град Белград, а потоа се проширија на територијата на целата земја и се претворија во протести против владата.

Центар на одржаниот протест во главниот град Белград беше плоштадот пред зградата на Собранието и овде учесниците на протестот којшто помина без инциденти извикуваа слогани и носеа транспаренти со натписи против владата.

Протестот во Белград којшто завчера вечерта помина со инциденти при што со интервенцијата на српската полиција демонстрантите се разотидоа, синоќа поминаа релативно мирно.

Демонстрантите кои учествуваа на протестот во градот Ниш се обидоа да го блокираат автопатот Белград-Ниш, но притоа без да излезат од градот беа спречени од страна на полицијата. 

Демонстрнатите одржаа протест пред полицискиот кордон и пред кордонот оставија цвеќиња и српско знаме, а до безбедносните сили ја доставија пораката „Ние сме ист народ“ и „Спуштете ги вашите штитови“.

Демонмстрантите исто така извикуваа и слогани против претседателот Александар Вучиќ и владата.

Освен во главниот град Белград и во Ниш, беа одржани протести и во други градови низ Србија како Нови Сад, Крушевац, Чачак, Врање и Зрењанин.

Во вестите објавени во српскиот печат се истакнува дека како што се дознава демонстрантите имаат различни барања, но дека основното прашање во кое се согласуваат е оставката на владата.

Инаку, откако повторно дојде до пораст на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Србија, претседателот Александар Вучиќ истакна дека во Белград ќе биде воведена забрана за излегување на улица (забрана за движење) во текот на неделата, по што пак илјадници лица на 7 јули во вторникот вечер се собраа пред Собранието и одржаа протест против оваа одлука.

 



Слични вести