Во Северна Македонија регистрирани 205 нови случаи на Ковид-19, најмногу во еден ден досега

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени уште 3 смртни случаи и 205 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) што претставува најголема бројка за еден ден

1453120
Во Северна Македонија регистрирани 205 нови случаи на Ковид-19, најмногу во еден ден досега

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 205 случаи на Ковид-19, што е досега најголем број регистрирани случаи во текот на еден ден. Со ова, вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.777.

Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани три смртни случаи, со што вкупната бројка на смртни случаи од последиците од Ковид-19 се искачи на 368.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од Ковид-19, што е најголем број регистрирани оздравени лица во еден ден досега. Вкупната бројка на оздравени пациенти со овој вирус изнесува 3.960.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести