Во Поточари погребани посмртните останки на уште девет жртви од геноцидот во Сребреница

Посмртните останки на деветте жртви во геноцидот во јули во 1995 година во Сребреница кога беа безмилосно измасакрирани повеќе од 8.372 бошњачки цивили, по клањањето на џеназе намазот се погребани во ископаните гробови во Меморијалниот центар Поточари

1453332
Во Поточари погребани посмртните останки на уште девет жртви од геноцидот во Сребреница
Srebrenitsa.jpg
srebrenitsa.jpeg
srebrenica soykirimi cenaze.jpg
srebrenica dunya liderlerin mesajlari.jpg
Srebrenica.jpg
srebrenica.jpg

Денеска, во Меморијалниот центар Поточари на одбележувањето на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница се погребани посмртните останки на уште девет жртви на геноцидот чии идентитети се утврдени.

Посмртните останки на деветте жртви во геноцидот во јули во 1995 година во Сребреница во источниот дел на Босна и Херцеговина кога беа безмилосно измасакрирани повеќе од 8.372 бошњачки цивили, по клањањето на џеназе намазот (погребниот намаз) се погребани во ископаните гробови во Меморијалниот центар Поточани, во нивното вечно почивалиште.

Џеназе намазот (погребниот намаз) го водеше претседателот на Исламската верска заедница на Босна и Херцеговина  Реис ул-Улема Хусеин ефенди Кавазовиќ, а присуствуваа илјадници лица меѓу кои високи државни фунцкионери на Босна и Херцеговина, шефови на дипломатските мисии во земјата и блиски на жртвите. 

Предџеназе намазот (погребниот намаза) организиран е верскиот дел од програмата кога се читаше Куран. а потоа со читање на имињата на жртвите почна изнесувањето на ковчезите од Меморијалниот центар.

Преживеаните Сребреничани, членовите на семејствата на жртвите, пријателите и соседите на раце ги пренесоа зелените ковчези со посмртните останки до ископаните гробови.

Најмладата жртва на геноцидот од 9-те жртви кои се погребани оваа година по изминати 25 години е Салко Ибишевиќ роден 1972 година, кој кога беше убиен имаше 23 години, а најстарата жртва Хасан Пезиќ роден 1925 година кој беше убиен на 70 години.

Други жртви чии посмртни останки се погребани се:

- Сеад (Хусо) Хасановиќ, роден во 1971 година во Кривача;

- Алија (Бекто) Суљиќ, роден во 1969 година во Познановиќи;

- Хасан (Алија) Пезиќ, роден во 1925 година во местото Пустоше;

- Хасиб (Шабан) Хасановиќ, роден во 1970 година во Слатина;

- Зухдија (Суљо) Авдагиќ, роден во 1947 година во Нова Касаба;

- Бајро (Рамо) Салиховиќ роден во 1943 година во Волјавица;

- Ибрахим (Хамид) Зукановиќ, роден во 1941 година;

- Салко (Ахмо) Ибишевиќ, роден во 1972 година во Љубовија

- Кемал (Хусеин) Мусиќ, роден во 1968 година во Глогово.

Заедно со посмртните останки на 9-те жртви кои се погребани денеска во Меморијалниот центар Поточари, во Сребреница, вкупниот број на погребаните жртви се зголеми на 6.652, а се уште продолжува да се трага по уште над 1.000 жртви, исчезнати жители на Сребреница.

Посмртните останки на жртвите на геноцидот се пронајдени на околу 570 различни локации.

Најмладата досега погребана жртва во Поточари е неколкудневното бебе новороденче Фатима Мухиќ родено на 13 јули 1995 година, а најстарата жртва е Шаха Измирлиќ, родена во 1901 година.

-Што се случи во Сребреница-

За време на војната во Босна (1992-1995), Сребреница која од страна на ОН беше прогласена за „безбедна зона“ на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици предводени од српскиот генерал Ратко Младиќ.

Бошњачките цивили кои по окупацијата се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН им беа предадени на српските сили.

Најмалку 8.372 Бошњаци качени во автобуси и камиони, беа ѕверски измасакрирани во шумата, во фабрики и во магацини, а потоа беа закопани во масовни гробници.

Посмртните останки на жртвите кои што со текот на времето се откриваат во голем број масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите во геноцидот во Сребреница.



Слични вести