„Маршот на мирот“ заврши во Поточари; Учесниците пречекани од мајките од Сребреница

Вчера на учесниците им се придружија  и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ и амбасадорот на Турција во Босна и Херцеговина Халдун Коч

1453107
„Маршот на мирот“ заврши во Поточари; Учесниците пречекани од мајките од Сребреница

Вчера вечер заврши „Маршот на мирот“ кој што се одржува традиционално секоја година на маршрутата која што ја користеле бошњачките цивили преку шумата за да стигнат во градот Тузла и да се спасат од геноцидот во Сребреница, летото 1995 година за време на војната во Босна и Херцеговина.

„Маршот на мирот“ заврши во Меморијалниот центар Поточари.

Вчера на учесниците им се придружија  и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ и амбасадорот на Турција во Босна и Херцеговина Халдун Коч.

Маршот кој се одржа во рамките на годинашните комеморации по повод 25-годишнината од геноцидот кога српските единици безмилосно убија најмалку 8.372 бошањчки цивили, поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус ова година се одржа во отежнати услови во организациска смисла, со пограничен број на ученици.

Приближно 1.400 учесници во близина на Меморијалниот центар Поточари беа пречекани од страна на мајките од Сребреница.

Учесниците на годинашниот „Марш на мирот“ којшто се одржа по 16-ти пат по тридневното тешко патување влегоа во Меморијалниот центар Поточари и читаа дови (молитви) за жртвите од геноцидот.

-Што се случи во Сребреница-

За време на војната во Босна (1992-1995), Сребреница која од страна на ОН беше прогласена за „безбедна зона“ на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици предводени од српскиот генерал Ратко Младиќ.

Бошњачките цивили кои по окупацијата се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН им беа предадени на српските сили.

Најмалку 8.372 Бошњаци качени во автобуси и камиони, беа ѕверски измасакрирани во шумата, во фабрики и во магацини, а потоа беа закопани во масовни гробници.

Посмртните останки на жртвите кои што со текот на времето се откриваат во голем број масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите во геноцидот во Сребреница.

Во Меморијалниот центар Поточари, во Сребреница, кадешто оваа година ќе бидат погребани посмртните останки на уште 9 жртви, досега се погребани вкупно 6.643 жртви на геноцидот,  а продолжува да се трага по уште над 1.000 жртви, исчезнати жители на Сребреница.

Посмртните останки на жртвите на геноцидот се пронајдени на околу 570 различни локации.

Најмладата досега погребана жртва во Поточари е неколкудневното бебе новороденче Фатима Мухиќ родено на 13 јули 1995 година, а најстарата жртва е Шаха Измирлиќ, родена во 1901 година.

 



Слични вести