Денеска ќе бидат погребани посмртните останки на уште девет жртви на геноцидот во Сребреница

Најмладата жртва на геноцидот од 9-те жртви кои ќе бидат погребани оваа година е Салко Ибишевиќ роден 1972 година, кој кога беше убиен имаше 23 години, а најстарата жртва Хасан Пезиќ роден 1925 година кој беше убиен на 70 години

1453161
Денеска ќе бидат погребани посмртните останки на уште девет жртви на геноцидот во Сребреница
srebrenitsa.jpeg
srebrenica soykirimi potocari cenazeler.jpg
Srebrenitsa.jpg

На годинашните комеморации за геноцидот во Сребреница кој се оценува како најголема доживеана човечка трагедија во Европа по Втората светска војна, во Меморијалниот центар во Сребреница - Поточари денеска (11 јули) ќе бидат погребани посмртните останки на уште 9 жртви на геноцидот.

Посмртните останки на деветте жртви убиени за време на геноцидот во јули во 1995 година во Сребреница во источниот дел на Босна и Херцеговина чии идентитети се утврдени, по клањањето на џеназе намазот (погребниот намаз) ќе биде погребани во ископаните гробови во Меморијалниот центар Поточани, во нивното вечно почивалиште.

Пред џеназе намазот (погребниот намаз) пак, ќе се одржи комеморативна програма во чии рамки ќе бидат прикажани видео пораките коишто се испратени по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница, а од страна на голем број светски лидери меѓу кои се наоѓа видео пораката и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Најмладата жртва на геноцидот од 9-те жртви кои ќе бидат погребани оваа година е Салко Ибишевиќ роден 1972 година, кој кога беше убиен имаше 23 години, а најстарата жртва Хасан Пезиќ роден 1925 година кој беше убиен на 70 години.

Други жртви чии посмртни останки ќе бидат погребани денеска во Меморијалниот центар Поточари се:

Сеад (Хусо) Хасановиќ, роден во 1971 година во Кривача; Алија (Бекто) Суљиќ, роден во 1969 година во Познановиќи; Хасан (Алија) Пезиќ, роден во 1925 година во местото Пустоше; Хасиб (Шабан) Хасановиќ, роден во 1970 година во Слатина; Зухдија (Суљо) Авдагиќ, роден во 1947 година во Нова Касаба; Бајро (Рамо) Салиховиќ роден во 1943 година во Волјавица; Ибрахим (Хамид) Зукановиќ, роден во 1941 година; Салко (Ахмо) Ибишевиќ, роден во 1972 година во Љубовија и Кемал (Хусеин) Мусиќ, роден во 1968 година во Глогово.

Заедно со посмртните останки на 9-те жртви кои ќе бидат погребани денеска во Меморијалниот центар Поточари, во Сребреница, вкупниот број на погребаните жртви ќе се зголеми на 6.652, а се уште продолжува да се трага по уште над 1.000 жртви, исчезнати жители на Сребреница.

Посмртните останки на жртвите на геноцидот се пронајдени на околу 570 различни локации.

Најмладата досега погребана жртва во Поточари е неколкудневното бебе новороденче Фатима Мухиќ родено на 13 јули 1995 година, а најстарата жртва е Шаха Измирлиќ, родена во 1901 година.

-Што се случи во Сребреница-

За време на војната во Босна (1992-1995), Сребреница која од страна на ОН беше прогласена за „безбедна зона“ на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици предводени од српскиот генерал Ратко Младиќ.

Бошњачките цивили кои по окупацијата се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН им беа предадени на српските сили.

Најмалку 8.372 Бошњаци качени во автобуси и камиони, беа ѕверски измасакрирани во шумата, во фабрики и во магацини, а потоа беа закопани во масовни гробници.

Посмртните останки на жртвите кои што со текот на времето се откриваат во голем број масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите во геноцидот во Сребреница.

 



Слични вести