Вархелји: Геноцидот во Сребреница и натаму е „отворена рана“ во срцето на Европа

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархелји истакна дека геноцидот во Сребреница продолжува да е „отворена рана“ во срцето на Европа.

1452670
Вархелји: Геноцидот во Сребреница и натаму е „отворена рана“ во срцето на Европа

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархелји се обрати пред Европскиот парламент (ЕП) на комеморацијата на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговна кадешто привлече внимание на тоа дека геноцидот во Сребреница е најмрачниот период на европската историја по Втората светска војна.

Вархелји истакна дека геноцидот во Сребреница продолжува да е „отворена рана“ во срцето на Европа.

„Во јули 1995 година 8.732 муслимански мажи и деца, на местото кадешто мислеа дека се безбедни беа систематски убиени од страна на српските единици. Нивните мртви тела беа фрлени во масовни гробници.“ - рече Вархелји.

Подвлекувајќи дека Европа не заборави на случувањата во Сребреница, еврокомесарот за проширување Вархелји го рече следното: „ Европа беше неуспешна во Сребреница и сега се соочуваме со нашиот срам. Поради тоа што не можевме да го сопреме геноцидот никако не треба да го заборавиме и тоа дека сносиме одговорност во врска со овој масакр. Геноцидот во Сребреница и натаму останува останува отворена рана во срцето на Европа и продолжува да нѐ прогонува, продолжува да нѐ потсетува на нашата заедничка одговорност, наша обврска е да се сеќаваме на Сребреница за секогаш, наша должност исто така е да се осигуриме дека ќе биде донесена правда“.

Тој нагласи дека треба да биде задоволена правдата и да бидат казнети сите тие кои се одговорни за геноцидот, а воедно напомена дека во Европа нема да се дозволи да бидат величат воените злосторници во Европа. 

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархелји исто така подвлече дека не е можно да се воспостави компромис без соочување и дека тоа е неопходно за мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот, така што Европската унија (ЕУ) ќе продолжи да ги поддржува регионалните земји.

Што се случи во Сребреница?

Инаку, за време на војната во Босна, Сребреница која од страна на ОН беше прогласена за „безбедна зона“ на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици предводени од српскиот генерал Ратко Младиќ.

Бошњачките цивили кои по окупацијата се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН им беа предадени на српските сили.

Најмалку 8.372 Бошњаци качени во автобуси и камиони, беа ѕверски измасакрирани во шумата, во фабрики и во магацини, а потоа беа закопани во масовни гробници.

Посмртните останки на жртвите кои што со текот на времето се откриваат во голем број масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите во геноцидот во Сребреница.

 



Слични вести