Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 3 смртни случаи, 168 новозаразени

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени уште 3 смртни случаи и 168 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1452284
Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 3 смртни случаи, 168 новозаразени

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 168 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.572.

Министерството за здравство соопшти дека се починати 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјата се искачи на 362.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица ос Ковид-19. Со ова бројката на оздравени пациенти се искачи на 3.624.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.586.

Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести