Протестите во Србија на третиот ден со смален интензитет и помирни

Протестите коишто освен во главниот град Белград се проширија и во други големи градови како што се Ниш и Нови Сад, за разлика од претходните два дена, вчера и во текот на ноќта поминаа без инциденти

1452428
Протестите во Србија на третиот ден со смален интензитет и помирни

Протестите во Србија коишто започнаа поради преземените мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19), но потоа се пртворија во антивладини простести со широко учество, продолжија и на третиот ден.

Вчера протестите во главниот град Белград пред Собранието на Србија за разлика од претходните два дена, а поготово ноќите воглавном поминаа помирно.

Протестите коишто освен во главниот град Белград се проширија и во други големи градови како што се Ниш и Нови Сад, за разлика од претходните два дена, вчера и во текот на ноќта поминаа без инциденти.

Илјадници демонстранти кои се собраа пред Собранието во Белград покажувајќи реакција против радикалните групи кои претходните ноќи создадоа нереди, синоќа одржаа мирољубив протест со седење.

Меѓу демонстрантите кои во своите раце носеа транспаренти со различни пораки со незадоволство од работата на Владата, имаше и голем број лица кои читаа книга, пееја, а заиграа и ора.

Привлече внимание дека синоќа учесниците на протестите беа поразлични од групите кои во претходните две ноќи доведоа до нереди со полицијата и на своите раце носеа и транспаренти „Седи доле, не наседнувај“.

На протестот во градот Ниш пак, илјадници лица маршираа по центарот на градот и кусо време одржаа протест со седење.

Големиот број лица кои се собраа пред зградата на општината седеа на одредени места и ја дадоа пораката дека не се на страната на насилство.

Демонстрантите често извикуваа слогани против српскиот претседател Александар Вучиќ и Влдата.

Вчера низ Србија беа одржани протести и во други градови како што беа Нови Сад, Чачак, Крагујевац, Лесковац, Зајечар, Бор, Краљево, Врање и Крушевац и овие протести воглавном поминаа мирно без инциденти.

Инаку, откако повторно дојде до пораст на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Србија, претсеадтелот Александар Вучиќ истакна дека во Белград ќе биде воведена забрана за излегување на улица (забрана за движење) во текот на неделата, по што пак илјадници лица во вторникот вечер се собраа пред Собранието и одржаа протест против оваа одлука.

Притоа дојде до инциденти и нереди коишто продолжија во текот на три дена, а особено ноќите.

Така за разлика од претходните вечери, полицијата синоќа не беше видлива.



Слични вести