Посмртните останки на жртвите од геноцидот во Сребреница со солзи и дови испратени од Високо во Поточари

Вечерва посмртните останки на жртвите ќе бидат пренесени во Меморијалниот центар Поточари и утре (11 јули) по клањање на џеназе намазот (погребниот намаз) ќе бидат погребани.

1452251
Посмртните останки на жртвите од геноцидот во Сребреница со солзи и дови испратени од Високо во Поточари
srebrenica kurbanlarin ugurlamasi.jpg
srebrenica soykirimi potocari cenazeler.jpg

Ковчезите со посмртните останки на 9 жртви кои се убиени за време на геноцидот во 1995 година во Сребреница во источниот дел на Босна и Херцеговина и кои ќе бидат погребани по годинашните комеморации, вчера беа испратени со солзи и дови (молитви) од главниот град Сараево.

Конвојот којшто вчера наутро тргна од Високо помина од улиците Маршал Тито и Мула Мустафа Басескија во Сараево и беше испратен за Меморијалниот центар Поточари кадешто на 11 јули во сабота ќе бидат погребани.

Исто како и во изминатите години конвојот со посмртните останки најпрвин помина пред претседателската зграда.

Државни функционери и голем број Сараевчани оставија цвеќиња на возилата коишто ги носеа ковчезите и читаа дови (молитви).

На испраќањето пред претседателската зграда освен претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ, учествиваа и претседателот на Исламската заедница Хусеин Кавазовиќ, претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ, високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко и амбасадорот на Турција во Сараево Халдун Коч.

Ковчезите со посмртните останки на жртвите вчера вечер пристигнаа во Поточари кај Сребреница и беа однесени во поранешната фабрика за акумулатори која за време на војната од страна на холандските војници од контингентот на Обединетите нации (ОН) беше користена како своја база.

Вечерва посмртните останки на жртвите ќе бидат пренесени во Меморијалниот центар Поточари и утре (11 јули) по клањање на џеназе намазот (погребниот намаз) ќе бидат погребани.

На годинашните комеморации за геноцидот во Сребреница кој се оценува како најголема доживеана човечка трагедија во Европа по Втората светска војна, во Меморијалниот центар во Сребреница - Поточари на 11 јули ќе бидат погребани посмртните останки на уште 8 жртви од геноцидот, чии идентитети се утврдени.

Во објавеното соопштение од Меморијалниот центар Поточари, во Сребреница, се истакнува дека најмладата жртва од жртвите кои ќе бидат погребани оваа година е Салко Ибишевиќ роден 1972 година, кој кога беше убиен имаше 23 години, а најстарата жртва Хасан Пезиќ роден 1925 година кој беше убиен на 70 години.

Останатите 6 жртви на геноцидот кои ќе бидат погребани за време на овогодишните комеморации во Поточари се Сеад Хасановиќ (1971), Алија Суљиќ (1969), Хасиб Хасановиќ (1970), Зухдија Авдагиќ (1947), Бајро Салиховиќ (1943) и Ибрахим Зукановиќ (1941).

Што се случи во Сребреница?

Инаку, за време на војната во Босна, Сребреница која од страна на ОН беше прогласена за „безбедна зона“ на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици предводени од српскиот генерал Ратко Младиќ.

Бошњачките цивили кои по окупацијата се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН им беа предадени на српските сили.

Најмалку 8.372 Бошњаци качени во автобуси и камиони, беа ѕверски измасакрирани во шумата, во фабрики и во магацини, а потоа беа закопани во масовни гробници.

Посмртните останки на жртвите кои што со текот на времето се откриваат во голем број масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите во геноцидот во Сребреница.

Во Меморијалниот центар Поточари, во Сребреница, кадешто оваа година ќе бидат погребани посмртните останки на уште 8 жртви, досега се погребани вкупно 6.643 жртви на геноцидот,  а продолжува да се трага по уште над 1.000 жртви, исчезнати жители на Сребреница.

Посмртните останки на жртвите на геноцидот се пронајдени на околу 570 различни локации.

Најмладата досега погребана жртва во Поточари е неколкудневното бебе новороденче Фатима Мухиќ родено на 13 јули 1995 година, а најстарата жртва е Шаха Измирлиќ, родена во 1901 година.

 



Слични вести