Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 5 смртни случаи, 163 новозаразени

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени уште 8 смртни случаи и 163 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1451578
Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 5 смртни случаи, 163 новозаразени

Во Република Северна Македонија во последние 24 часа се регистрирани 163 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.406.

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се починати 8 лица, со што вкупната бројка на починати од последиците на Ковид-19 се искачи на 359.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени лица изнесува 3.554.

Како што соопшти министерството, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.493.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести