„Сребреница по 25 години“: Програма на ТРТ Ворлд Форум по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница

Во рамките на програмата „Дигитални дискусии“ во организација на ТРТ Ворлд Форум по повод 25 годишнината од геноцидот во Сребреница, во текот на една недела ќе се одржат серија сесии на кои ќе учествуваат специјални гости

1450782
„Сребреница по 25 години“: Програма на ТРТ Ворлд Форум по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница

Во рамките на програмата „Дигитални дискусии“ во организација на ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) по повод 25 годишнината од геноцидот во Сребреница, во текот на една недела ќе се одржат серија сесии на кои ќе учествуваат специјални гости. На овие сесии, геноцидот во Сребреница каде се измасакрирани повеќе од 8 илјади бошњачки цивили ќе биде разгледан во рамките на човековите права, воените злосторства и принципот на „Одговорност за заштита“.

Првата сесија од програмата „Дигитални дискусии“ во организација на ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) ќе се емитува денеска (7 јули, 2020 година, вторник) во 20:00 часот по турско време под насловот „Сребреница по 25 години: Вечното негирање на геноцидот“ и ќе се емитува во живо преку профилите на ТРТ Ворлд (TRT World) на Твитер и Фејсбук и каналот Јутуб. На сесијата ќе има свое излагање претседателот на Фондацијата за сеќавање на Сребреница д-р Вагар Азми и ќе се разгледат прашања како што се причини коишто го попречуваат компромисот, стратегиите на оние кои го негираат геноцидот и како повиците за одделување од Република Српска влијаат на компромисот.

Други сесии коишто ќе се одржат во текот на неделата:

8 јули среда, 20:00 часот

„Кривичниот суд за поранешна Југославија и Јавното обвинителство за воени злосторници“- Д-р Невенка Вркиќ, професор на Универзитетот во Амстердам.

9 јули четврток, 20:00 часот
 „Одговорноста на ОН за одбрана на Сребреница“
- Тоби Кадман, основачки партнер и претседател на Меѓународните комори за правда (Guernica 37).

10 јули петок, 20:00 часот 
“Како беше неуспешна меѓународната правда за Сребреница?“
- Сер Џефри Најс, главен јавен обвинител кој го предводеше процесот против поранешниот претседател на Југославија на кого му се судеше пред Меѓународниот кривичен суд формиран за извршени кривични дела во поранешна Југославија.
11 јули сабота, 20:00 часот 
„Хуманитарната скала на војната во Босна и геноцидот во Сребреница“
- Кетрин Бомбергер, генерална директорка на Меѓународната комисија за исчезнати лица.

Учесниците, сисиите ќе можат да ги следат преку профилите на ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) на социјалните медиуми:

Youtube: @trtworldforum
Facebook: @trtworldforum
Twitter: @trtworldforum

Што се случи во Сребреница?

По окупирањето на Сребреница во источниот дел на Босна и Херцеговина, на 11 јули 1995 година од страна на српските единици под команда на Ратко Младиќ, бошњачките цивили кои се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН, потоа им беа предадени на Србите.

Србите им дозволија на жените и децата да пристигнат во областа под контрола на бошњачките војници, додека во шумата, во фабрики и во магацини ѕверски измасакрираа најмалку 8.372 бошњачки цивили, а потоа ги закопаа во масовни гробници.

Во активностите коишто беа започнати по војната за пронаоѓање на исчезнатите, жртвите чии посмртни останки се откриваат во масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите во геноцидот во Сребреница.
 



Слични вести