Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 5 смртни случаи, 120 новозаразени
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени уште 5 смртни случаи и 78 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 120 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.244.
Министерството за здравство информира дека починале уште 5 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 351.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 3.324.
Во моментот активни се 3.569 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања за вирусот.
Досега во земјата се реализирани вкупно 69.426 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)
Слични вести
