Благодарност од Бошњаците во Санџак до претседателот Ердоган за доставената помош во борбата против Ковид-19

Претседателката на Бошњачкиот национален совет на Санџак (БНВ) во Србија Јасмина Цуриќ му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за доставената помош на областа Санџак во борбата против коронавирусот (Ковид-19)

1450872
Благодарност од Бошњаците во Санџак до претседателот Ердоган за доставената помош во борбата против Ковид-19

Претседателката на Бошњачкиот национален совет на Санџак (БНВ) во Србија Јасмина Цуриќ во испратеното писмо до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му се заблагодари за доставената помош на областа Санџак.

Цуриќ истакна дека областа Санџак кадешто претежно живее бошњачко население се соочува со сериозни тешкотии поради епидемијата и дека можностите во областа се ограничени.

„Помошта во медицински материјали, лекови и медицинска опрема што ја испративте е многу значајна за локалниот народ. Вашата помош ни влева доверба.“ - рече Цуриќ.

Нагласувајќи дека овој пример на солидарност уште еднаш докажа дека народот во Санџак и Бошњаците во Турција по потекло од Санџак одигруваат услога на неуништлив мост меѓу Турција, Србија и Црна Гора, Цуриќ подвлече дека помошта претставува најзначаен показател за тоа дека Турција е во солидарност со земјите кои имаат потреба од помош.

Цуриќ ја изнесе проценката дека испратената помош на областа Санџак ќе ги намали влијанијата на епидемијата на Ковид-19 и му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Инаку, по влошувањето на ситуацијата со новиот тип коронавирус (Ковид-19)кон крајот на минатиот месец во областа Санџак во Србија, претседателката на Бошњачкиот национален совет на Санџак (БНВ)  Јасмина Цуриќ испрати писмо до претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган од кого побара доставување на итна помош.

Турција за кусо време одговори на овој повик за помош и по инструкција на претседателот Ердоган на 4 јули беше испратена помош во медицински материјали за областа Санџак, составена од маски, домашни апарати за дишење, штитници за лице, заштитни комбинезони и наочари.



Слични вести