Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 5 смртни случаи, 78 новозаразени

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени уште 5 смртни случаи и 78 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1450100
Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 5 смртни случаи, 78 новозаразени

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 78 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.124.

Министерството за здравство информира дека починале уште 5 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 346.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 3.199.

Во моментот активни се 3.579 случаи со Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 68.059 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести