Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 7 смртни случаи, 115 новозаразени

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 7 смртни случаи и 115 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1449417
Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 7 смртни случаи, 115 новозаразени

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 115 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.046.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа починале 7 лица, а вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на 341.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупниот биланс на излекувани пациенти од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 3.027.

Според соопштението, во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.678.

Во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 67.165 тестирања за овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести