Парламентарни избори во Хрватска за новиот состав на Саборот

На изборите коишто се одржуваат во период кога се уште продолжува влијанието на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се регистрирани со право на глас вкупно 3 милиони 859 илјади 481 гласач

1449122
Парламентарни избори во Хрватска за новиот состав на Саборот

Граѓаните на Хрватска денеска гласаат на парламентарните избори на кои ќе бидат избрани членовите на новиот состав на хрватскиот Парламент, Саборот, составен од вкупно 151 пратеничко место.

На изборите коишто се одржуваат во период кога се уште продолжува влијанието на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се регистрирани со право на глас вкупно 3 милиони 859 илјади 481 гласач.

Чинот на гласање за 192 листи со 2.669 кандидати од кои 41 отсто се жени, во вкупно 6.999 гласачки места започна во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот по локално време.

На сите гласачки места во Хрватска се применуваат посебни епидемиолошки мерки така што гласачите задолжително носат заштитни маски, а исто така се должни да носат и свое пенкало и да се придржуваат кон минималната дистанца за социјално растојание.

Освен тоа, граѓаните со право на глас кои се наоѓаат во карантин ќе можат да гласаат во своите домови.

Првите нецелосни и неофицијални резултати се предвидува да бидат објавени кон полноќ, додека поради прогласената состојба на епидемија, аналитичарите очекуваат доста ниска излезеност на гласачите. 

Во Хрватска која е најмлада земја членка на Европската унија (ЕУ), парламентарните избори се одржуваат еднаш на четири години.



Слични вести