Медицинската помош испратена од Турција пристигна во Санџак

Со присуство на голем број млади луѓе, кои доброволно се пријавија да помогнат во растоварувањето, контингентот помош беше пречекан со овациите „Турција-Ердоган!“ и колона од автомобили во кои граѓаните носеа турски знамиња

1449038
Медицинската помош испратена од Турција пристигна во Санџак
turkiye sancak yardim.jpg
turkiye sancak yardim1.jpg

Помошта со медицински материјали испратена од Турција за Србија, а наменета за областа Санџак кадешто поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се доживуваат сериозни тешкотии и каде условите се ограничени, пристигна во градот Нови Пазар.

Пакетите со помош коишто со камиони шлепери пристигнаа од главниот град на Србија, Белград, беа испратени во градот Нови Пазар, со помош на жителите на градот беа носени во Општата болница во Нови Пазар.

Со присуство на голем број млади луѓе, кои доброволно се пријавија да помогнат во растоварувањето, контингентот помош беше пречекан со овациите „Турција-Ердоган!“ и колона од автомобили во кои граѓаните носеа турски знамиња.

Претседателката на Бошњачкиот национален совет на Санџак (БНВ) Јасмина Цуриќ која по влошувањето на состојбата во Санџак, а пред се во Нови Пазар како најголем град во областа, му испрати писмо на претседателот Реџеп Тајип Ердоган од кого побара помош во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19); во говорот што го одржа овде, им се заблагодари на Турција и на турскиот народ.

Велејќи дека чувствуваат големо задоволство од тоа што барањето за помош не остана без одговор, Цуриќ рече: „Ова за нас претставува многу голема помош. Навистина сум горда што нашето писмо во кое баравме помош беше сфатено сериозно и што се реагираше брзо. Институциите во Турција се организираа и резултат на тоа е донацијата што пристигна. Се надевам дека материјалите со помош ќе го намалат влијанието на епидемијата и ќе пристигнат до сите лекари во областа.“

Таа додаде дека со ова се покажува дека Санџак не е сам и дека има пријатели.

Јасмина Цуриќ исто така појасни дека од Турција е побарана помош и во медицински персонал и дека во тек е административна процедура помеѓу Турција и Србија за доаѓање на лекари во Нови Пазар.

„Направен е список на медицински персонал кој доброволно се пријавил. Тие воглавно се со потекло од Санџак, го говорат босанскиот јазик и со сето срце се заинтересирани да дојдат и да помогнат“, рече претседателката на Бошњачкиот национален совет (БНВ) Јасмина Цуриќ изразувајќи очекувања дека овој вид на помош ќе се реализира многу скоро.

Испратената помош во медицински материјали од Турција на Санџак подготвена од Министерството за здравство се состои од 16 тони медицинска помош и лабораториска опрема и тоа 3 апарати за кислород со висок проток, 5 монитори за болни, 30 централни мерачи на проток на кислород, 5 апарати за ЕКГ со 12 канали, 20 пумпи за инфузија, 2 дефибрилатори, 10 комплети за дијагноза, 2 апарати за PCR, 5 вентилатори, комплет за хируршка интервенција, мобилен апарат за рентген, 10 апарати за UV, 30 илјади маски N95, 2.675 маски N149, 5 илјади заштитни комбинезони, 230 илјади хируршки маски, средства за дезинфекција, штитници за лице, ракавици и заштитни наочари.

 



Слични вести