Турција по втор пат и испрати медицинска помош на Србија наменета за населението на Санџак

По инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, со цел поддршка во борбата против коронавирусот (Ковид-19) Турција по втор пат и испрати медицинска помош на Србија наменета за областа Санџак претежно населена со бошњачко население

1448840
Турција по втор пат и испрати медицинска помош на Србија наменета за населението на Санџак

Турција продолжува да им доставува помош во медицински материјали на земјите погодени од глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

По инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, со цел поддршка во борбата против коронавирусот (Ковид-19) Турција по втор пат и испрати медицинска помош на Србија составена од маски, домашни апарати за дишење (респиратори), штитници за лице, заштитни комбинезони и заштитни наочари.

Подготвените медицински материјали од страна на Министерството за здравство, на воениот аеродром Етимесгут во Анкара беа натоварени на џиновскиот карго авион од типот А 400М во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС).

На карго пратките се наоѓаше логото на претседателството на Турција.

Потоа карго авионот со помош полета за главниот град на Србија, Белград. 

Инаку, откако повторно почна да се влошува ситуацијата во областа Санџак, а пред се во најголемиот град Нови Пазар во областа населена претежно со Бошњачко население, претседателката на Бошњачкиот национален совет на Санџак (СНВ) Јасмина Цуриќ му испрати писмо на претседателот Реџеп Тајип Ердоган од кого побара помош.

Турција која не остана индиферентна на овој повик од Санџак кадешто според добиени информации постои недостаток од здравствен персонал и со секој поминат ден растат новите случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19), во овие рамки и подаде рака за помош на областа Санџак каде има сериозни тешкотии и условите за борба против глобалната епидемија се ограничени.

Инаку, Турција во рамките на борбата против Ковид-19 по инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 8 јуни 2020 година им испрати медицинска помош на 5 Балкански земји и тоа Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово

 



Слични вести