Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 7 смртни случаи, 165 новозаразени

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 7 смртни случаи и 165 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1448674
Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 7 смртни случаи, 165 новозаразени

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 165 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус се искачи на 6.787.

Министерството за здравство соопшти дека се починати 7 лица, со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 во земјата се искачи на 328.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 2.876.

Според соопштението, во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.583.

Во последните 24 часа се направени 1.454 теста за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања за овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести