Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 6 смртни случаи, 147 новозаразени

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 6 смртни случаи и 147 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1449015
Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 6 смртни случаи, 147 новозаразени

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 147 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 6.932.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа починале 6 лица, а вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на 334.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупниот биланс на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјтата се искачи на 2.987.

Според соопштението, во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.611.

Во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 66.133 тестирања за овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести