На 11 јули во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на уште 8 жртви на геноцидот во Сребреница

Во објавеното соопштение од Меморијалниот центар Сребреница се истакнува дека за време на овогодишните комеморации на 11 јули во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на уште 8 жртви на геноцидот во Сребреница

1448998
На 11 јули во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на уште 8 жртви на геноцидот во Сребреница

На годинашните комеморации за геноцидот во Сребреница кој се оценува како најголема доживеана човечка трагедија во Европа по Втората светска војна, во Меморијалниот центар во Сребреница - Поточари на 11 јули ќе бидат погребани посмртните останки на уште 8 жртви од геноцидот, чии идентитети се утврдени.

Во објавеното соопштение од Меморијалниот центар Поточари, во Сребреница, се истакнува дека најмладата жртва од жртвите кои ќе бидат погребани оваа година е Салко Ибишевиќ роден 1972 година, кој кога беше убиен имаше 23 години, а најстарата жртва Хасан Пезиќ роден 1925 година кој беше убиен на 70 години.

Останатите 6 жртви на геноцидот кои ќе бидат погребани за време на овогодишните комеморации во Поточари се Сеад Хасановиќ (1971), Алија Суљиќ (1969), Хасиб Хасановиќ (1970), Зухдија Авдагиќ (1947), Бајро Салиховиќ (1943) и Ибрахим Зукановиќ (1941).

Инаку, за време на војната во Босна, Сребреница која од страна на ОН беше прогласена за „безбедна зона“ на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици предводени од српскиот генерал Ратко Младиќ.

Бошњачките цивили кои по окупацијата се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН им беа предадени на српските сили.

Најмалку 8.372 Бошњаци качени во автобуси и камиони, беа ѕверски измасакрирани во шумата, во фабрики и во магацини, а потоа беа закопани во масовни гробници.

Посмртните останки на жртвите кои што со текот на времето се откриваат во голем број масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите во геноцидот во Сребреница.

Во Меморијалниот центар Поточари, во Сребреница кадешто оваа година ќе бидат погребани посмртните останки на уште 8 жртви, досега се погребани вкупно 6.643 жртви на геноцидот,  а продолжува да се трага по уште над 1.000 жртви, исчезнати жители на Сребреница.

Посмртните останки на жртвите на геноцидот се пронајдени на околу 570 различни локации.

Најмладата досега погребана жртва во Поточари е неколкудневното бебе новороденче Фатима Мухиќ родено на 13 јули 1995 година, а најстарата жртва е Шаха Измирлиќ, родена во 1901 година.

 



Слични вести