Избори во Хрватска под сенката на Ковид-19: Граѓаните ќе гласаат за новиот состав на Саборот

На утрешните избори за новиот состав на хрватскиот Сабор кошто ќе се одржат под сенката на глобалната епидемија на коронавирусот (Ковид-19) ќе можат да гласаат вкупно регистрирани 3 милиони 859 илјади 481 гласач од кои 184 илјади 786 во странство

1448866
Избори во Хрватска под сенката на Ковид-19: Граѓаните ќе гласаат за новиот состав на Саборот

Граѓаните на Хрватска утре (5 јули, 2020 година) ќе излезат да гласаат на парламентарните избори за избор на новите членови на Парламентот, Саборот, составен од 151 пратеничко место.

На изборите ќе учествуваат 192 листи со 2.669 кандидати, од кои 41 отсто се жени, а ќе се гласа во вкупно 6.999 гласачки места во земјата и во странство.

Изборите се спроведуват на гласачките места на подрачјето на Република Хрватска и во седиштата на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Хрватска. Гласачите кои немаат престој во Република Хрватска бираат 3 пратеници во посебна (XI.) изборна единица.

Министерството за администрација на Хрватска регистрира 3 милиони 674 илјади 695 гласачи со престој во Хрватска по општини и градови, како и 184 илјади 786 гласачи без престој во Република Хрватска, односно вкупно 3 милиони 859 илјади 481 гласач.

Во меѓувреме, поради глобалната епидемија се претпоставува дека процентот на учество на изборите ќе биде многу низок.

Првите нецелосни и неофицијални резултати од утрешните избори ќе бидат објавени околу полноќ.

Гласачите во Хрватска ќе можат да гласаат од 07:00 часот до 19 часот по локално време.

Гласачките одбори бројат по 10 члена, а вкупно ќе бидат ангажирани 70.000 членови за гласачките одбори кои на 5 јули ќе ги спроведуваат изборите.

Од друга страна, чинот на гласање на регистрираните хрватски гласачи во странство започнна утрово и ќе трае до утре до 19:00 часот.

- Според анкетите како фаворити се истакнуваат ХДЗ и коалицијата „Рестарт“

Според спроведените анкети пред изборите, за фаворити се прикажуваат владејачката централно десничарска партија Хрватската демократска заедница (ХДЗ) која на изборите настапува самостојно и коалицијата „Рестат“ составена претежно од левичарски партии и тоа Социјалдемократската партија (СДП), Хрватската селска партија (ХСС), Хрватската партија на пензионери (ХСУ), Граѓанско-либералниот сојуз (ГЛАС), Истарската демократска партија (ИДС), Приморско-горанскиот сојуз (ПГС) и Партијата на народен и граѓански активизам (СНАГА).

Меѓу повлијателните партии и коалиции, според повеќето анкети, спаѓаат и Татковинското движење на чело со Мирослав Шкоро, Мост - независна листа, на чие чело е Божо Петров, Зелено-левата коалиција „Можеме!“, коалицијата што ја сочинуваат Партија со Име и Презиме, Паметно и Фокус и коалицијата на седум партии собрани околу партијата Жив ѕид.

Во 12. изборна единица во која се бираат претставниците на националните малцинства, српското национално малцинство има шест кандидати за три пратенички места, унгарското малцинство има еден кандидат за едно место, а италијанското еден кандидат за едно место. Чешкото и словачкото малцинство имаат два кандидата за едно пратеничко место. Група од пет малцинства (албанското, бошњачкото, црногорското, македонското и словенечкото) имаат седум кандидати за едно пратеничко место, а група од 12 малцинства (австриско, бугарско, германско, полско, ромско, романско, русинско, руско, турско, украинско, влашко и еврејско) имаат четири кандидати за едно место.

- Гласачко право и заштита на јавното здравје

Со оглед на пандемијата на коронавирусот, на изборите се спроведуваат посебни епидемиолошки мерки, така што без сопствено хемиско пенкало и маска што ги прекрива устата и носот, гласачите нема да можат да гласаат.

Гласањето ќе се спроведува во 83 дома за стари и немоќни лица на подрачјето на Хрватска, каде што покрај маска, ракавици и обувки за членовите на одборот и набљудувачите ќе биде потребно и дезинфицирање на често користените површини.

Гласањето ќе се одвива и во предворјата на домовите за стари и немоќни лица, а за инвалидите, членовите на одборите заедно со здравствен работник ќе доаѓаат во соба.

Лицата што се во самоизолација можат да се пријават на надлежната изборна комисија или гласачки одбор до недела, до самиот ден на изборите, и да побараат да им се овозможи гласање на адресата на живеење. Гласачите кои на денот на изборите ќе бидат во самоизолација, гласаат пред влезот на станот или куќата во кои имаат престој, а притоа задолжително треба да носат маска преку носот и устата.

Поради прогласената состојба на епидемија, аналитичарите очекуваат рекордно ниска излезеност на гласачите. (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести