Северна Македонија бележи рекрорден број дневни смртни слуачи од Ковид-19

Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од Ковид-19

1448349
Северна Македонија бележи рекрорден број дневни смртни слуачи од Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 15 нови смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19), што претставува рекорден број на нови смртни случаи во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со ова, вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 321. Исто така, регистрирани се 173 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на случаи се искачи на 6.625.

Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројката на оздравени пациенти е 2.748, додека во моментов има 3.556 активни случаи.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на овој вирус.



Слични вести