Протести во Грција поради планот на Владата за ограничување на демонстрациите

Демонстрантите на повик на Комунистичката партија на Грција (ККЕ) се собраа на плоштадот Омониа во главниот град Атина и извикуваа слогани „Грција не смее да стане полициска држава“, а протести беа одржани и во голем број други градови на земјата

1448234
Протести во Грција поради планот на Владата за ограничување на демонстрациите

Во голем број градови во Грција се одржаа протести против планот на Владата за ограничување на демонстрациите во земјата.

Демонстрантите кои на повик на Комунистичката партија на Грција (ККЕ) се собраа на плоштадот Омониа во главниот град Атина, извикуваа слогани „Грција не смее да стане полициска држава“ и маршираа кон плоштадот Синтагма кадешто се наоѓа зградата на Парламентот.

Протестите во Атина завршија без инциденти, додека во одржаните говори беше нагласено дека како најпоследно во Грција постоеше закон со којшто беа ограничени демонстрациите во времето на хунтата.

Освен во главниот град Атина слични протести беа одржани и во голем број други градови во Грција.

Инаку, со нацрт законот којшто е доставен до Парламентот на 29 јуни, се предвидува на лицата кои учествуваат на забранетите демонстрации да им се изрече затворска казна од една година, а на демонстрантите кои се замешани во насилство затворска казна од 2 години.

Нацрт законот се очекува да биде поставен на гласање во грчкиот Парламент најдоцна до 10 јули.



Слични вести