Во Северна Македонија потврдени 4 смртни случаи и 120 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 4 смртни случаи и 120 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1447269
Во Северна Македонија потврдени 4 смртни случаи и 120 нови случаи на Ковид-19

Во Република Северна Македонија, во последните 24 часа се регистрирани 120 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на потврдени случаи со овој вирус во земјата се искачи на 6.454.

Мнистерството за здравство соопшти дека починале 4 лица, со што вкупната бројка на починати од Ковид-19 во земјата се искачи на 306.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројката на оздравени пациенти е 2.598.

Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 3.550.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести