Во Северна Македонија потврдени 12 смртни случаи и 132 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 12 смртни случаи и 132 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1445737
Во Северна Македонија потврдени 12 смртни случаи и 132 нови случаи на Ковид-19

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 132 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 6.209.

Министерството за здравство информира дека починале уште 12 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 298.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 2.427.

Во моментот активни се 3.484 случаи со Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 868 тестирања за вирусот.

Досега во земјата се реализирани вкупно 59.633 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести