Турција ќе и пружи помош на областа Санџак

Турција и претседателот Реџеп Тајип Ердоган не останаа индиферентни на барањето за помош на Санџак

1446149
Турција ќе и пружи помош на областа Санџак

Турција ќе и пружи помош на областа Санџак во Србија која е изложена на сериозни последици на епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) поради ограничените економски можности.

Претседателот на Турско-српскиот деловен совет при Советот за надворешно-економски односи (ДЕИК) Бајрам Акѓул рече дека Турција и претседателот Реџеп Тајип Ердоган не останаа индиферентни на барањето за помош на Санџак, потенцирајќи дека помошта во најскоро време ќе биде доставена на граѓаните на Санџак.

Во рамките на борбата против Ковид-19, претходно на областа Санџак чија популација претежно се Бошњаци и беа испратена помош од два шлепери медицинска и заштитна опрема.

По влошувањето на состојбата во најголемиот град на областа Нови Пазар како и цел Санџак, претседателката на Бошначкиот национален совет (БНВ) Јасмина Цуриќ на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган му испрати писмо со барање за помош.

Цуриќ во писмото истакна дека во Државната болница на Нови Пазар се заразени околу 60 лица од кои 20 доктори, поради што чувствуваат и имаат потреба особено од здравствен персонал.



Слични вести