Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа 9 лица, регистрирани 176 нови случаи

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти од Ковид-19

1444943
Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа 9 лица, регистрирани 176 нови случаи

Во Република Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 176 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 6.080, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство информира дека починале 9 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 286.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти се искачи на 2.315.

Во моментот бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 3.479.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 870 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 58.765 тестирања за Ковид-19.



Слични вести