Во Северна Македонија потврдени 9 смртни случаи и 150 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 9 смртни случаи и 150 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1444531
Во Северна Македонија потврдени 9 смртни случаи и 150 нови случаи на Ковид-19

Во Република Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 150 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 5.906.

Министерството за здравство информира дека се починати 9 лица, со што вкупната бројка на починати лица од последиците на Ковид-19 во земјата се искачи на 277.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 2.236, а во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.393.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.086 тестирања за Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести