Протести во Грција за поддршка на бегалците

Dемонстрантите се собраа на плоштадот Синтагма каде што се наоѓа и зградата на Парламентот и извикуваа слогани „Отворете ги границите“, „Не против евакуацијата“, „Не дозволуваме бегалците да останат на улица“

1444228
Протести во Грција за поддршка на бегалците

Движењето за единство против заканата од расизмот и фашизмот (КЕЕРФА) во Атина одржа протести против планот на владата за евакуација на куќите и камповите на околу 11 илјади бегалци.

Синоќа, демонстрантите се собраа на плоштадот Синтагма каде што се наоѓа и зградата на Парламентот и извикуваа слогани „Отворете ги границите“, „Не против евакуацијата“, „Не дозволуваме бегалците да останат на улица“.

Демонстрантите кои во рацете носеа и транспаренти на кои пишуваше „Добредојдовте бегалци“, нешто потоа се насoчија кон центарот на градот.

На протестите кои поминаа мирољубиво, освен приврзаниците на различни левичарски групи учествуваа и бегалците и мигрантите коишто живеат во Атина.

Грчките власти планираат да ги евакуираат 11-те илјади бегалци од куќите и живеалиштата во кои престојуваат и кои се финансираат од страна на програмите за престој на ЕУ.

Во куќите кои ќе се евакуираат се планира да се сместат бегалците од камповите на островите на Егејот коишто се пребројни и на тој начин се планира да се намали густината не бегалците на островите.



Слични вести