Во Северна Македонија потврдени 6 смртни случаи, 153 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 6 смртни случаи и 153 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1443354
Во Северна Македонија потврдени 6 смртни случаи, 153 нови случаи на Ковид-19

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 153 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на заразени лица со овој вирус во земјата се искачи на 5.595.

Министерството за здравство соопшти дека се починати шест лица, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус се искачи на 265.

Според соопштението, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти, а вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 2.166.

Како што се наведува во соопштението, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести