Хезболах прогласена за терористичка организација во Косово

Владата на Косово: „Одлуката е донесена со цел да се одбрани националната, регионалната и глобалната безбедност, одбрана на државните интереси и да се заземе активна улога во меѓународните сојузи кои се борат против терористичките групи“

1441956
Хезболах прогласена за терористичка организација во Косово

Владата на Косово ја одобри одлуката со којашто политичкото и военото крило на Хезболах на териториите на земјата се прогласува за терористичка организација.

Во објавеното соопштение од косовската Влада се истакнува дека одлуката е донесена со цел „да се одбрани националната, регионалната и глобалната безбедност, да се одбранаа на државните интереси и да се заземе активна улога во меѓународните сојузи кои се борат против терористичките групи“.

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово Мелиза Харадинај-Стубла истакна дека косовската Влада смета оти военото и политичкото крило на оваа организација делуваат заедно и дека оваа организација (Хезболах) има за цел како што рече „да ја унапреди својата терористичка агенда“.

Инаку, военото крило на Хезболах од страна на Европската унија (ЕУ) во 2013 година е внесена во списокот на терористички организации.



Слични вести