Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Потврдени 4 смртни случаи, 118 новозаразени

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 4 смртни случаи и 118 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1441832
Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Потврдени 4 смртни случаи, 118 новозаразени

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 118 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупниот број на заразени со овој вирус во земјата се искачи на 5.311.

Според соопштението на Министерството за здравство, регистрирани се 4 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 порасна на 251.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти е 2.048.

Во моментот, бројот на активни случаи со овој вирус во земјата изнесува 3.012.

Во последните 24 часа направени се 1.363 тестирања за Ковид-19. Досега во земјата се извршени вкупно 53.248 тестирања за овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести