Победник на изборите во Србија е СНС на актуелниот претседател Александар Вучиќ

Актуелниот претседател на Србија и лидер владејачката Српска напредна странка (СНС)  Александар Вучиќ синоќа прогласи апсолутна победа на изборите и изјави дека неговата листа освоила 64 отсто од гласовите или над 2 милиони гласови

1440476
Победник на изборите во Србија е СНС на актуелниот претседател Александар Вучиќ
Sırbistan'daki Seçimlerde Zafer Vuçiç'in.jpg

Вчера во Србија се одржаа редовните парламентарни, покраински и локални избори, на кои беа регистрирани со право на глас 6 милиони 584 илјади 376 гласачи.

Српските граѓани гласаа за новиот состав на Собранието на Србија, Покраинското Собрание на Војводина и за советници во локалните самоуправи во вкупно 8.385 избирачки места во земјата.

Гласачите гласаа за 21 листа, а на покраинските избори во Војводина учествуваа девет изборни листи. 

Според првите добиени неофицијални резултати на парламентарните избори победи изборната листа „Александар Вучиќ-За нашите деца“ предводена од владејачката Српска напредна странка (СНС) на актуелниот претседател Александар Вучиќ.

На тој начин извојува апсолутна победа и се стекна со право да формира самостојна влада.

Изборната листа „Александар Вучиќ-За нашите деца“ предводна од владејачката Српска напредна странка (СНС) освои 62,5 отсто од гласовите, а според нецелосните податоци на Републичката изборна комисија, СНС освоила 63,35 проценти.

Според соопштените неофицијални резултати од страна на истражувачките центри Ипсос и Цесид, се изборени 93 отсто од гласовите и според тоа изборната листа „Александар Вучиќ-За нашите деца“ предводна од владејачката Српска напредна странка (СНС) успеа да освои 62,6 отсто од гласовите. 

Изборниот праг за влез во Собранието успеаја да го поминат само 3 политички сојузи, така да на второ место е „Ивица Дачиќ - Социјалистичката партија на Србија (СПС) - Јединствена Србија (ЈС) - Драган Марковиќ Палма", односно коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ со 10,9 освоени гласови. На трето место е листата „Победа за Србија (СзС)“ предводена од Српскиот патриотски сојуз (СПАС) на градоначалникот на Нов Белград Александар Шапиќ со освоени 4,2 отсто гласови.

Според тоа, во Собранието на Србија составено од вкупно 250 пратенички места Српска напредна странка (СНС) на актуелниот претседател Александар Вучиќ ќе биде претставувана со 189 пратеници, СПС-ЈС 32 и СПАС со 12 пратеници.

Меѓу партиите на малцинствата пак, не постои изборен праг од 3 отсто така  да Сојузот на војводинските Унгарци на Иштван Пастор ќе располага со 9 пратеници, Партијата за слобода и правда (СПП) 3,  Албанската демократска алтернатива со 4 и Партијата за демократска акција на Санџак (СДА) на Муамер Зукорлиќ со 2 пратенички места.

Актуелниот претседател на Србија и лидер владејачката Српска напредна странка (СНС)  Александар Вучиќ синоќа прогласи апсолутна победа на изборите и изјави дека неговата листа освоила 64 отсто од гласовите или над 2 милиони гласови.

Вучиќ рече дека ја добиле најголемата поддршка од народот во досегашната историја на Србија.

Во услови на состојба на епидемијата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) и бојкотот на поголемиот дел од опозицијата излезеноста на граѓаните на изборите на кои се регистрирани со право на глас вкупно 6 милиони 584 илјади 376 гласачи, изнесува околу 46,8 отсто.

Аналитичарите наведуваат дека излезеноста на овие избори во Србија е за 6 отсто помала отколку на изборите во 2016 година.

На вчерашните избори во Србија освен новиот состав на Собранието кое брои вкупно 250 пратенички места, беа избрани и новиот состав на Покраинското Собрание на Војводина со 120 пратеничи места, како и новите советници во локалните самоуправи. 

Во меѓувреме, Републичката изборна комисија (РИК) на Србија соопшти дека се изброени 61 отсто од гласовите, дека броењето ќе заврши во најскоро време и дека официјалните резултати ќе бидат објавени во четврток. 

 



Слични вести