Во Северна Македонија од Ковид-19 се регистрирани 5 нови смртни случаи и 101 новозаразен

Во Северна Македонија со потврдени уште 5 нови смртни случаи бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 238 лица, а бројот на случаите на зараза со регистрирање на уште 101 новозаразен се искачи на 5.106 лица

1440371
Во Северна Македонија од Ковид-19 се регистрирани 5 нови смртни случаи и 101 новозаразен

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 101 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 5.106.

Според соопштението на Министерството за здравство, регистрирани се 5 смртни случаи со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 во земјата порасна на 238.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.926, а во моментов бројот на активни случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.942.

Во последните 24 часа се направени 776 тестирања за Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања за овој вирус. ( Агенција Анадолија-АА).



Слични вести