Во Северна Македонија од Ковид-19 се регистрирани 6 нови смртни случаи и 156 новозаразени

Во Северна Македонија со потврдени уште 6 нови смртни случаи бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 222 лица, а бројот на случаите на зараза со регистрирање на уште 156 новозаразени се искачи на вкупно 4.820 лица

1439599
Во Северна Македонија од Ковид-19 се регистрирани 6 нови смртни случаи и 156 новозаразени

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 156 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 4.820.

Според соопштението на Министерството за здравство, регистрирани се 6 смртни случаи со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 во земјата се искачи на 222.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.863, а во моментов бројот на активни случаи со овој вирус во земјата изнесува 2735.

Во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирања на овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести