Северна Македонија: Потврдени 185 нови случаи на Ковид-19, регистрирани 11 смртни случаи

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.904.

1439984
Северна Македонија: Потврдени 185 нови случаи на Ковид-19, регистрирани 11 смртни случаи

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 185 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 5.005, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство, регистрирани се 11 смртни случаи со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 во земјата се искачи на 233.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.904.

Во моментов бројот на активни случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.868.

Во последните 24 часа се направени 1.364 тестирања за Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања за овој вирус.



Слични вести