Парламентарни, локални и покраински избори во Србија

Граѓаните на Србија утре ќе гласаат на парламентарните, локалните и покраинските избори на кои е бидат избрани новите пратеници во Собранието на Србија, Парламентот на Војводина и советници во локалните самоуправи

1439786
Парламентарни, локални и покраински избори во Србија

Во период кога продолжува влијанието на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во целиот свет, граѓаните на Србија утре ќе гласаат на парламентарните, локалните и покраинските избори. 

Во земјата во која во голема мера одмина влијанието на епидемијата, се намалија новите смртни случаи и случаите на зараза, во значајна мера се укинати превентивните мерки и почна да функционира периодот на „нова нормала“, гласачите ќе ги изберат новите пратеници и локални власти кои ќе управуваат со земјата и со градовите во наредните 4 години. 

Во Србија се регистрирани со право на гласање вкупно 6 милиони 583 илјади 665 гласачи, додека за влез во Собранието со вкупно 250 пратенички места ќе се натпреваруваат кандидатите на 21 изборна листа.

Од друга страна, на утрешните избори ќе бидат избрани и новите членови (пратеници) на Покраинското Собрание на Војводина кое брои 120 пратенички места како и новите советници во локалните самоуправи на земјата. 

Изборните забрани коишто се во примена од ноќта во четврток ќе продолжат до завршување на чинот на гласање.

Во овој временски период политичките партии не ќе можат да одржуваат митинзи и да вршат пропаганда јавно, преку медиумите, на чело со телевизијата. 

Гласачките места ќе бидат отворени утре (во недела) од 07 до 20 часот по локално време , заштитните маски и ракавици ќе бидат задолжителни на избирачките места за членовите на избирачките одбори, а воедно им се препорачува маски и на гласачите кои ќе гласаат во избирачките места во кои се регистрирани.

Воедно и српските граѓани кои живеат во странство гласаа од 30 мај и тоа во дипломатско-конзуларните претставништва на земјите во кои се наоѓаат.

Гласачите своето граѓанско право ќе можат да го остварат, односно да гласаат во вкупно 8.386 избирачки места, а во странство има над 40 избирачки места.



Слични вести