Во Северна Македонија потврдени 6 нови смртни случаи и 182 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени уште 6 нови смртни случаи и 182 новозаразени од Ковид-19, со што вкупниот број на починатите се зголеми на 216, а на случаите на зараза на 4.664

1438885
Во Северна Македонија потврдени 6 нови смртни случаи и 182 новозаразени од Ковид-19

Во Република Северна Македонија, во последните 24 часа се потврдени 182 случаи на коронавирусот (Ковид-19), а регистрирани се и 6 смртни случаи од последиците на овој вирус.

Како што стои во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија, вкупната бројка на регистрирани случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 4.664, а бројката на починати се зголеми на 216.

Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од коронавирусот во земјата се искачи на 1.836.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.348 тестирања на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на спроведени тестирања на 47.793.

Потсетуваме, Владата на Република Северна Македонија на 9 јуни соопшти дека донесе заклучок да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја, наместо повторно воведување полициски час, што беше предложено од Комисијата за заразни болести.

Владата на Република Северна Македонија вчера донесе одлука да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, донесени против ширењето на Ковид-19, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување Изјава за задолжителна самоизолација, во траење од 14 дена. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести