Во Северна Македонија потврдени 8 нови смртни случаи од Ковид-19, а се регистрирани 134 новозаразени

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 8 смртни случаи со што вкупниот број на починатите се зголеми на 201 лице, а бројот на случаите на зараза со раст за уште 134 новоинфектирани се искачи на вкупно 4.289 лица од кои 2.331 активни

1437247
Во Северна Македонија потврдени 8 нови смртни случаи од Ковид-19, а се регистрирани 134 новозаразени

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 134 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи во земјата од појавата на епидемијата се зголеми на 4.289.

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 8 смртни случаи, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 се искачи на 201.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти, а вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 1.757.

Според податоците од Министерството за здравство, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.331.

Министерството информира и дека во последните 24 часа се направени 1.173 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 45.054 тестирања за вирусот.

Потсетуваме, Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја, наместо повторно воведување полициски час, што беше предложено од Комисијата за заразни болести.

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, вчера донесе нова одлука за вонредна состојба на територијата на целата држава, во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести