Трамп ги покани лидерите на Србија и Косово на средба на 27 јуни во Белата куќа

Американскиот весник „Вол Стрит Џорнал“ повикувајќи се на високи функционери, напиша дека американскиот претседател Донлад Трамп фрли чекор за дијалог во правец на изнаоѓање решение на долгогодишните спорови и недоразбирања помеѓу Србија и Косово

1437108
Трамп ги покани лидерите на Србија и Косово на средба на 27 јуни во Белата куќа

Како што се истакнува Американскиот претседател Доналд Трамп  ги поканил лидерите на Србија и Косово на 27 јуни во Вашингтон за решавање на меѓусебните спорови.

Според веста на весникот „Вол Стрит Џорнал“ повикувајќи се на високи функционери, американскиот претседател Донлад Трамп фрли чекор за дијалог во правец на изнаоѓање решение на долгогодишните спорови и недоразбирања помеѓу Србија и Косово. 

Како што се вели во веста, Трамп ги поканил српскиот претседател Александар Вучиќ и косовоскиот претседател Хашим Тачи на 27 јуни во Белата куќа.

Српски функционери истакнаа дека добиле таква покана, додека од страна на Косово засега не пристигна било какво соопштение по ова прашање.

Функционери на САД пак, овој чекор на Трамп го прокоментираа како обид за добивање кредит во надворешната политика на патот што води кон претседателските избори во ноември 2020 година.

Инаку, Косово и покрја тоа што во 2008 година се оддели од Србија и ја прогласи својата независност, Србија сѐ уште продолжува да го смета Косово за сопствена територија.



Слични вести