Филипче: „Од 193 починати, 76 проценти веќе имале претходни хронични заболувања

„Враќањето кон рестриктивните мерки не е добра опција заради тоа што било кое следно попуштање повторно ќе не соочи со ова“, нагласи министерот Филипче, додавајќи дека треба да сфатиме дека уште долго ќе живееме со вирусот

1436522
Филипче: „Од 193 починати, 76 проценти веќе имале претходни хронични заболувања

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче истакна дека од 193 починати најголемиот дел се на возраст над 60 години, а кај 76 отсто е регистрирано дека имале веќе претходно хронички заболувања и шеќерни болести, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Филипче денеска одржа прес-конференција на која информираше за состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во земјата.

Истакнувајќи дека земјата се соочува со силен бран на пандемијата, Филипче рече дека охрабрува фактот дека има повеќе асимптоматски пациенти, со лесна клиничка слика.

„Од 193 починати најголемиот дел се над 60 години, а кај 76 отсто се утврдени дека имале веќе претходно хронички заболувања и шеќерни болести“ нагласи министерот Филипче.

Во однос на капацитети на болниците министерот дополни дека во моментот 318 пациенти се хоспитализирани и дека монтажната болница е целосно подготвена за лекување на пациенти со Ковид-19.

„Враќањето кон рестриктивните мерки не е добра опција заради тоа што било кое следно попуштање повторно ќе не соочи со ова“, нагласи министерот додавајќи дека ако не сфатиме дека уште долго ќе живееме со вирусот и мора да се придружуваме до мерките нема да можеме да ја нормализираме, стабилизираме состојбата со вирусот.

На прес-конференцијата истакнувајќи дека побарале помош од правната служба на Собранието во издавање и доставување на решенијата за изолација на лицата на граѓаните кои одбиваат да примаат решенија бидејќи не биле двојазични, министерот Филипче рече дека размислуваат јавно да ги објавуваат лицата кои се во изолација и тоа најверојатно на веб страната на Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче, како што претходно соопшти Министерството рече дека во изминатите 24 часа се регистрирани 103 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 4.157.

Во последното деноноќие се регистрирани и пет смртни случаи од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати од последици предизвикани од коронавирусот на 193.



Слични вести