Во Северна Македонија потврдени 9 нови смртни случаи од Ковид-19, регистрирани 162 новозаразени

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 9 смртни случаи со што вкупниот број на починатите се зголеми на 188 лица, а бројот на случаите на зараза со раст за уште 162 новоинфектирани се искачи на вкупно 4.057 лица

1435785
Во Северна Македонија потврдени 9 нови смртни случаи од Ковид-19, регистрирани 162 новозаразени

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 162 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи во земјата со овој вирус се зголеми на 4.057.

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 9 смртни случаи, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од последиците од Ковид-19 се искачи на 188.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, а вкупната бројка на оздравени пациенти порасна на 1.710.

Според податоците од Министерството за здравство, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159.

Министерството за здравство информира и дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 43.040 тестирања на овој вирус.

Потсетуваме, Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја, наместо повторно воведување полициски час, што беше предложено од Комисијата за заразни болести.

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, во завчерашното обраќање до јавноста соопшти дека нема потреба за продолжување на вонредната состојба која заврши на 13 јуни. Вонредната состојба во земјата за првпат беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести