Северна Македонија: Регистрирани 196 новозаразени со Ковид-19, осум смртни случаи

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 8 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати од Ковид-19 се искачи на 179

1435371
Северна Македонија: Регистрирани 196 новозаразени со Ковид-19, осум смртни случаи

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 196 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи во земјата со овој вирус се зголеми на 3.895, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 8 смртни случаи, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од последиците од Ковид-19 се искачи на 179.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, а вкупната бројка на оздравени пациенти порасна на 1.705.

Според податоците од Министерството за здравство, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.011.

Министерството за здравство информира и дека во последните 24 часа се направени 1.213 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 42.262 тестирања на овој вирус.

Потсетуваме, Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја, наместо повторно воведување полициски час, што беше предложено од Комисијата за заразни болести.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во вчерашното обраќање до јавноста соопшти дека нема потреба за продолжување на вонредната состојба, која во земјата за првпат беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот.



Слични вести