Протести за Флојд и во Грција

Демонстрантите отворија една голема плаката на која беше прикажан американскиот претседател Доналд Трамп како со ногата притиска врз Статуата на слободата

1432783
Протести за Флојд и во Грција

Во Грција се одржаа протести против полициското насилство во САД во кое загина Афроамериканецот Џорџ Флојд.

На повикот на лидерот на главната опозициона Радикална левичарска коалициона партија (СИРИЗА) се собраа стотици приврзаници на партијата кои извикуваа слогани и маршираа кон Амбасадата на САД во Атина.

Демонстрантите кои се собраа пред зградата на Амбасадата отворија една голема плаката на која беше прикажан американскиот претседател Доналд Трамп како со ногата притиска врз Статуата на слободата, со која алудираа на Флојд кој остана без здив притиснат од страна на полицаецот. Демонстрантите на флојд му одадоа почит во времетраење од 8 минути 46 секунди.

Протестите траеја два часа и завршија без инциденти.

На 25 мај во американската сојузна држава Минесота, поради неповлекувањето на ногата на полицаецот кој го приведуваше, умре Афроамериканецот Џорџ Флојд кој и покрај тоашто викаше „не можам да дишам“, полицаецот што го приведуваше не ја тргна ногата од неговиот тил.

Од тој ден наваму, овој настан предизвика протести и демонстрации ширум сите градови во Америка, на кои повремено беа забележани и насилства.



Слични вести