Северна Македонија: 87 нови случаи на Ковид-19, во моментот активни 1.424 случаи

Во изминатите 24 часа регистриран е еден смртен случај од Ковид-19, со што вкупниот биланс на починати од вирусот се зголеми на 157

1432745
Северна Македонија: 87 нови случаи на Ковид-19, во моментот активни 1.424 случаи

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 3.239, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изминатите 24 часа регистриран е еден смртен случај од Ковид-19, со што вкупниот биланс на починати од вирусот се зголеми на 157.

Според соопштението на Министерството, денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 5 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 1.658. Во моментот бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.424.

Од Министерството информираа и дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања за Ковид-19, додека од почетокот на епидемијата се реализирани вкупно 38.014 тестирања за овој вирус.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 30 мај, објави дека донел одлука за продолжување на вонредната состојба во траење од 14 дена. Вонредната состојба во земјата беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот.



Слични вести