Јенс Столтенберг: Оние кои се обидуваат да не поделат нема да успеат во тоа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на третата годишнина од членството на Црна Гора се состана со црногорскиот претседател Мило Џукановиќ по што даде изјава за претставниците на печатот

1432657
Јенс Столтенберг: Оние кои се обидуваат да не поделат нема да успеат во тоа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по остварената средба со претседателот на Црна Гора Мило Џукановиќ во штабот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел, даде изјава за претставниците на печатот.

Столтенберг истакна дека денеска се одбележуваат 3 години од членството на Црна Гора во Сојузот и напомена дека членството во НАТО и обезбеди значајни придонеси на земјата.

Велејќи дека во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) некои држави и вондржавни актери шират погрешни информации и вршат пропаганда, Столтенберг рече: „Оние кои се обидуваат да не поделат нема да успеат во тоа.“

Генералниот секретар на НАТО укажа дека не се елиминирани безбедносните заканисо коишто се бореше Сојузот пред периодот на Ковид-19 и го рече следното: „НАТО ќе ги продолжи своите активности за да се спречи оваа здравствена криза да се претвори во безбедносна криза.“

Потцртувајќи го тоа дека во периодот на Ковид-19 некои државни и вондржавни актери по пат на дезинформација и пропаганда го поставуваат на мета НАТО, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг го додаде следното: „За утврдување на дезинформацијата и за водење борба против неја делуваме заедно во НАТО. Оние кои се обидуваат да не поделат нема да успеат во тоа.“

 



Слични вести