Во Северна Македонија регистрирани 127 новозаразени од Ковид-19, досега вкупно 3.152

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 3 смртни случаи со што вкупниот број на починатите се зголеми на 156 лица, а бројот на случаите на зараза со раст за уште 127 новоинфектирани се искачи на вкупно 3.152 лица

1431909
Во Северна Македонија регистрирани 127 новозаразени од Ковид-19, досега вкупно 3.152

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 3.152.

Во изминатите 24 часа регистрирани се три смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот биланс на починати од вирусот се зголеми на 156.

Според соопштението на Министерството, денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 7 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 1.653. Во моментот бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.343.

Од Министерството информираа и дека во последните 24 часа се направени 702 тестирања за Ковид-19, додека од почетокот на епидемијата се реализирани вкупно 37.027 тестирања за овој вирус.

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на 30 мај, објави дека донел одлука за продолжување на вонредната состојба во траење од 14 дена. Вонредната состојба во земјата беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести