Раст на инфектираните со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани се 125 новозаразени

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 125 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се зголеми на 2.915 лица

1430844
Раст на инфектираните со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани се 125 новозаразени

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 125 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 2.915.

Во изминатите 24 часа регистирани се два смртни случаја од Ковид-19, со што вкупниот биланс на смртни случаи од вирусот се зголеми на 151.

Според соопштението на Министерството, денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 8 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова, бројката на оздравени пациенти изнесува 1.640, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.

Министерството за здравство информира и дека во последните 24 часа се направени 1.085 тестирања на Ковид-19, додека досега во земјата се реализирани вкупно 35.471 тестирања за овој вирус.

Поради зголемениот број на новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјата, Владата на Северна Македонија согласно препораките на Комисијата за заразни болести на 3 јуни донесе одлука за враќање на полицискиот час.

Забраната за движење стапи во сила од 4 јуни од 21:00 часот, до понеделник (8 јуни) до 5:00 часот наутро, во Скопје – сите скопски општини, потоа во општините Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите други градови, во петок, сабота и недела полицискиот час почнува од 16:00 часот и ќе трае до следниот ден до 5:00 часот наутро.

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на 30 мај, објави дека донел одлука за продолжување на вонредната состојба во траење од 14 дена. Вонредната состојба во земјата беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести