Група демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за туризам во Атина

Приближно 200 лица кои на повикот на Работничкиот фронт се собраа пред зградата на Министерството за труд побараа од грчката Влада да преземе мерки против невработеноста во секторите во кои работат и против кратењата на платите

1429824
Група демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за туризам во Атина

Група вработени во секторот за туризам, храна и хотелиерство во главниот град на Грција, Атина, во знак на протестирање против неповолните влијанија на преземените мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во секторите во кои работат, упаднаа во зградата на Министерството за туризам.

Приближно 200 лица кои на повикот на Работничкиот фронт се собраа пред зградата на Министерството за труд побараа од грчката Влада да преземе мерки против невработеноста во секторите во кои работат и против кратењата на платите.

Демонстрантите на ѕидот на влезот на Министерството за труд напишаа "Бидејќи ние не можеме да живееме со 400 евра", а потоа тргнаа кон Министерството за туризам. 

И покрај попречувањето на обезбедувањето демонстрантите упаднаа во зградата на Министерството и побараа да разговараат со министерот за туризам Харис Теохарис.

Внимание привлече тоа што полицијата не интервенираше на случајот, додека грчкиот министер за туризам Харис Теохарис прими една делегација од демонстрантите кои во зградата на Министерството останаа приближно еден час и ги ислуша нивните барања. 

Инаку, вработените во секторите за туризам, храна и  хотелиерство и на 28 мај одржаа протест пред Министерството за труд и откако некои од нив се обидоа да влезат во зградата на Министерството, се соочија со острата интервенција на полицијата. 

Грчката полиција на групата демонстранти интервенираше со бибер спреј. 



Слични вести